Во последните 24 часа во Србија се потврдени 5.297 нови случаи на коронавирус, а 37 лица починаа, објави српското Министерство за здравство.
Расте бројот на пациенти на респиратор – 243 лица, што е за пет повеќе отколку вчера. Во болница се лекуваат 6.349 лица.
Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 566.669 случаи на коронавирус, а починале 5.039 лица.
Стапката на смртност е 0,89 проценти. Досега, во Србија се тестирани вкупно 3.313.232 лица.