Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.
Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи в петок.
Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.