Во Србија денеска до 15 часот, потврдени се 131 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени изнесува 659 лица.
Денеска се евидентирани и два нови смртни случаи – пациентка на Инфективната клиника во Белград и пациент стар 57 години, кој починал во Ниш, со што вкупната бројка на починати во Србија сега изнесува 10 лица.
Српската влада денеска на граѓаните, како и на странците со дозвола за престој им ја продолжи задолжителната мерка за домашна самоизолација од 14 на 28 дена.
Промени има и кај забраната за движење за деновите од викендот. Граѓаните ќе мора да останат во своите домови во сабота и недела од 15 до 5 часот. Најстарите лица ќе можат да ги напуштат своите домови само во недела помеѓу 3 и 8 часот наутро за да купат намирници.
Српската влада донесе одлука и да ја укине дозволата за изнесување на куќните миленици за време на полицискиот час.