Во последните 24 часа во Србија се потврдени 4.994 нови случаи на коронавирус, а 24 пациенти починале.
Тестирани се 17.645 лица. Во моментот има 179 пациенти на апарати за дишење.
Од првиот случај во Србија, кој беше регистриран на 6 март, потврдени се вкупно 92.375 случаи, а 1.054 лица починаа.
Вечерва, во 21 часот, во Србија почнува примената на нови мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот. Од 21 до 5 часот забранета е работата на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, рестораните, но и трговските центри и продавниците.
Исклучени од таа мерка се аптеките, испораката на храна, бензинските пумпи и економијата што работи трета смена. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември, кога владата повторно ќе донесе одлука за нив.