Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 163 нови случаи на заразени од коронавирус, а пет лица починале како резултат на инфекцијата.
Бројот на новозаразени е најмал од 25 јуни кога се регистрирани 137.
Од последниот пресек тестирани се 6.819 лица.
Во болниците во целата земја има 107 пациенти на респиратори.