Во последните 24 часа во Србија на коронавирус биле тестирани 16.743 лица, од кои позитивни биле 4.157, а починале 16 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
Од овој викенд во сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри се отворени само до 14 часот, а храната и услужните активности може да бидат отворени до 20 часот.