Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска е потешко да се набават вакцини отколку нуклеарно оружје. Тој истакна дека очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе во Србија. Исто така рече дека Србија моментно е четврта во Европа по стапката на вакцинација, а деветта во светот.
Шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша, оцени дека сегашната епидемиолошка состојба е многу подобра отколку што беше во декември минатата година, но дека сè уште има голем број нови инфекции на дневна основа и дека пациентите сè уште умираат.
– Треба да продолжат да се придржуваат до мерките – маска, далечина, хигиена. Сега имаме нова надеж, а тоа е вакцината. Се надевам дека за неколку месеци полека ќе се вратиме во нормален живот – рече Ивануша.