Србија од почетокот на имунизацијата на 24 декември до денеска вакцинира повеќе од 401.500 граѓани со вакцините против коронавирусот на „Фајзер-Бионтек“ и „Синофарм“ и вакцината „спутник В“.
– Утре ќе добиеме уште 40.000 вакцини ‘спутник В’, а в понеделник дополнителни 9.360 дози на ‘Фајзер’ – објави премиерката Ана Брнабиќ одговарајќи на пратенички прашања во српскиот парламент.
Таа рече дека во февруари се очекуваат вакцини против коронавирусот преку програмата „Ковакс“.
Брнабиќ изјави дека денес Србија е втора во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на 100.000 жители по Велика Британија и седма во светот, зад САД.
Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 1.592 нови случаја на коронавирус, а почина 21 лице.