Во Словенија расте бројот на новозаразени од ковид-19, со 31 нов случај на 1.111 тестирани во последните 24 часа, но нема нови смртни случаи.
Досега, дневното зголемување на бројот на заразени во Словенија ретко надминуваше 20, па се проценува дека најновото зголемување е резултат на враќањето на младите од летните одмори, каде би можеле да се заразат.
Во Словенија досега се инфицирале 2.303 лица, 129 починале, а во моментов има 188 активни случаи, од кои 23 се хоспитализирани, со само двајца на интензивна нега.