По британскиот и јужноафриканскиот вид, потврдено е присуството на нигериска варијанта во Словенија и досега се регистрирани најмалку седум случаи на овој вид.
Информацијата денеска ја објавија словенечките медиуми, повикувајќи се на Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна.
Со последователно секвенционирање на десет проценти од случајно избраните примероци на позитивни тестови за основниот тип коронавирус, лабораторијата се обидува да утврди присуство на нови варијанти кај популацијата и официјално утре ќе ги објави резултатите.
Според прелиминарните извештаи на медиумите, варијантата на коронавирус Б1.525, позната како нигериска, е потврдена минатата недела во 4 примероци од централниот дел на Словенија, а досега се потврдени „најмалку 7“ вакви случаи.
Нигериската варијанта е најраспространета во Данска, Велика Британија, Нигерија и САД.