Во последните 24 часа во Косово потврдени се 129 нови случаи на коронавирус, а девет лица починаа, објави Националниот институт за јавно здравје во Приштина.
Тестирани биле 449 лица.
Оздравеле уште 152 пациенти, со што вкупниот број на оздравени од коронавирусот се зголеми на 7.343.
Во моментов има 3.792 активни носители на коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата починале вкупно 410 лица, кои имале и други придружни заболувања, според приштинскиот институт за јавно здравје.