Дваесет и двајца здравствени работници заболеле од коронавирус во Косово, а 130 се во самоизолација, изјави доктор Блерим Сула, претседател на Синдикалната здравствена федерацијата во Косово.
Сула додаде дека нивната состојба е добра врз основа на досегашните информации, но дека има загриженост дека тој број може да се зголеми.
– Повеќе се концентрираа на работниците во првите редови на фронтот и ги заборавија оние на втората и третата линија – вели Сула ги повика надлежните институции да ја зголемат грижата за заштита на здравствените работници.