Специјалистот за заразни болести, Валбон Красниќи, оцени дека се ближи крајот на пандемијата на коронавирусот во Косово. Тој вели дека првпат од појавувањето на вирусот во Косово бројот на излекувани лица е поголем од позитивните на ковид-19.
– Имаме 350 активни случаи, повеќето од нив се во своите домови – рече Красниќи и им честита на граѓаните на Косово и на здравствените институции за овие резултати.
Од вкупно 36 пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести при Универзитетскиот клинички центар во Приштина, 15 заболеле од коронавирус.
Девет пациенти се во стабилна состојба, а четирворица се на терапија со кислород. На интензивна нега се двајца пациенти и нивната состојба е сериозна. Денеска, 18 пациентите се отпуштени од Клиниката бидејќи се излекувани, а за еден се чекаат резултати.