Грчките власти ставија во карантин хотел во кој се сместени 470 баратели на азил, од кои 150 се позитивни на тестовите на коорнавирус. Јавната телевизија ЕРТ објави дека полицијата е пред хотелот во селото Краниди на Пелопонез и дека никој не смее да излегува.
Зградата била дезинфицирана вчера, а хоспитализираните лица во хотелот биле тестирани кога со болнички преглед било откриено дека бремена жена од Сомалија била заразена со вирусот.
28-годишната Сомалијка е сместена во изолација во својата соба, а целиот хотел е ставен во карантин, соопшти Министерството за имиграција.
Еден вработен во хотелот исто така бил позитивен на тестот на коронавирус. Според еден локален службеник, во селото сите се вознемирени иако хотелот со заразени е на повеќе од четири километри оддалеченост од Краниди, а одалечен е и од популарното одморалиште Порто Хели.
Помошник-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалијас, уверува дека нема причина за паника и дека треба само да се следат прописите. Во Грција се наоѓаат речиси 100.000 баратели на азил.