Во Босна и Херцеговина откриен е прв случај на гама сојот на коронавирусот, изјави шефот на лабораторијата за молекуларно-генетски и форензички истражувања, Теуфик Голетиќ.
Тој додаде дека гама сојот е откриен кај еден странски државјанин кој претстојувал во Херцеговина.
Претходно на истото подрачје се откриени и првите случаи на зараза со делта сојот во БиХ, а преносители биле странците кои го посетиле Меѓугорје.