Уште 52 лица починаа во Босна и Херцеговина како последица на коронавирус, додека повеќе од 1.200 нови случаи беа пријавени во земјата денеска, според податоците објавени од институтите за јавно здравје.
И покрај тоа што дневниот број на нови инфекции во текот на целата недела е значително помал отколку во Хрватска или Србија, сепак бројот на смртни случаи во БиХ е сè уште релативно голем, а од почетокот на епидемијата во март до сега е 2.864.
Во четвртокот регистрирани се 24 нови смртни случаи во Федерацијата БиХ, каде што тестовите идентификуваа 832 нови случаи на инфекција, додека во Република Српска имало 28 починати и 383 новозаразени.
Во изминатите 24 часа, тестирани се нешто повеќе од четири илјади примероци.
Во БиХ сè уште се на сила релативно благи рестриктивни мерки, освен во областа Брчко, a на сите угостителски објекти им е дозволено да работат во согласност со епидемиолошките мерки. Носењето заштитни маски е задолжително на отворено, а ноќе има мерка за ограничување на движењето за луѓето кои не се врзани со работни циклуси.