Нови 316 случаи на заразени со коронавирус беа потврдени во Босна и Херцеговина, објавија институциите за јавно здравје.
Ова е најголем раст на бројот на заразени лица во еден ден во БиХ од појавувањето на коронавирусот, а направени биле околу 1.500 тестови.
Вирусот е потврден кај 197 лица од Федерацијата на БиХ и 119 во Република Српска.
По градови, најголем број новозаразени има во Сараево, каде се потврдени 60 случаи, а потоа следува Бања Лука со 27 ново заразени.
Ден претходно, регистрирани беа 310 заболени од ковид-19.