Бројот на заразени со „Ковид-19“ во Албанија се зголеми на 212 лица, откако во последните 24 часа, дијагностицирани се 15 нови случаи.
Во моментов има 76 лица хоспитализирани во Инфектвната клиника во Тирана, од нив шест се на интензивна нега, од кои четворица се интубирани. Останатите се во стабилна состојба.
Според местото на живеење најголем број од заразените се од Тирана или 121 лице, од Фиер 22, Корча и Драч по 12, Валона, Елбасан, Скадар Лежа и Круја по пет, Љушња и Каваја по четири, Пук и Тропоја по 3, Рогожина и Хас по два, Берат и Мердита по едно лице.