Неколку илјади демонстранти се собраа денеска во центарот на Љубљана во серијата антивладини протести поттикнати од незадоволството од корона-мерките.
Протестот, како што пренесуват медиумите, започнал околу 15 часот, а демонстрантите марширале низ улиците на Љубљана извикувајќи „крадци, крадци“.
Сообраќајот беше блокиран, а полицијата постави блокади, а градот беше опколен со хеликоптери, пренесуваат тамошните медиуми.
Полицијата успеа тивко да ги отстрани луѓето од главниот пат и сега повторно се движи кон центарот на градот. Протестот официјално заврши, но голем број граѓани сè уште се на улица, како и многу полицајци. Деновиве во Љубљана има дури две делегации од Европскиот парламент, па полицијата им посветува посебно внимание на хотелите каде што тие се сместени.
Минатата недела, демонстрантите се обидоа да влезат во близина на хотелот „Интернационал“, каде што беше дел од делегацијата што дојде на самитот на ЕУ, но полицијата ги спречи во намерата.