Хрватска денес ги продолжи постојните мерки до крајот на мај, со што една мерка беше попуштена. Од денес, сите оние кои се вакцинирани пред шест месеци и со двете дози на вакцини (со исклучок на вакцините на „Астра зенека“ и „„Џонсон и Џонсон“) можат да влезат во Хрватска без ПЦР-тест и карантин. Досега, ова беше случај за луѓето кои биле вакцинирани пред пет месеци.
Исто така, поради локалните избори в недела, на сите хрватски граѓани им е дозволено да влезат без ПЦР-тест и карантин.
Во последните 24 часа евидентирани се 926 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7214.
Меѓу нив, 1752 пациенти се во болница, од кои 207 се на апарати за дишење. Починале 41 лице.
До денес се тестирани вкупно 1.912.994 лица, од кои 6.587 во последните 24 часа.
Од 13 мај дадени се 1.268.281 дози на вакцини. Досега 980.177 лица биле вакцинирани со најмалку една доза, од кои 288.104 ги примиле двете дози.