Бугарија ги продолжи мерките на поблага блокада до крајот на јануари со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да се олесни здравствениот систем, соопшти Владата.
Ограничувањата требаше да бидат укинати на 21 декември. Мерките го намалија дневниот број на нови инфекции, но стапката на смртност на 100.000 жители е сè уште меѓу највисоките во Европа.
Средните училишта, трговските центри, рестораните, клубовите, кафулињата и спортските сали ќе останат затворени, а градинките и основните училишта ќе бидат отворени по новогодишните празници, се вели во соопштението на Владата.