Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во Бугарија достигна 15.751, откако во последните 24 часа беа потврдени уште 162 случаи на инфекција.
Уште 14 лица починале од коронавирусот, а вкупно 586 лица починале од почетокот на пандемијата, пренесува БТА.
Во моментов има 4.415 активни случаи на инфекција, а хоспитализирани се 741 лице, од кои 60 се на интензивна нега.