Грција објави 101 нови потврдени случаи на коронавирус во земјата, со што вкупниот број достигна 1.415 случаи, при што смртните случаи се зголемија на 50, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Од новите инфекции, 20 биле потврдени на брод со 383 патници и членови на екипажот што е закотвен на пристаништето во Пиреас.
Во својот дневен брифинг за новинарите, епидемологот Сотирис Циодрас додаде дека 90 лица во моментот се на интензивна нега, а извршени се тестови на 17.350 лица.