Во Србија веќе утре пристигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“, нешто повеќе од 40.000, изјави премиерката Ана Брнабиќ за ТВ Прва.
– Мислам дека солидарноста е најважна, Србија и нашиот народ се познати по солидарноста. Веќе утре ни стигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“ – нешто над 40.000 – рече Брнабиќ и додаде дека со овие вакцини ќе бидат вакцинирани македонските здравствени работници.
Брнабиќ вели дека не е реално да ѝ донираат вакцини на Хрватска пред се зашто се членки на ЕУ, но и дека тие не ни побарале.