Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија е единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против коронавирус.

Таа потсети дека во борбата против ковид-19, земјата изградила две нови болници, во Белград и во Крушевац.

– Почнавме масовна имунизација на нашите граѓани, Србија беше втора земја во Европа што обезбеди вакцини против ковид-19, вакциниравме 520.000 лица, ревакциниравме 21.000 и ние сме единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат – истакна Брнабиќ.

Во Србија се врши имунизација со вакцината на „Фајзер“, со руската вакцина „спутник 5“ и со кинеската вакцина на „Синофарм“. Брнабиќ вчера најави дека наскоро во Србија ќе пристигне и четврта вакцина.