Брзи домашни тестови за коронавирус за десет дена ќе пристигнат во хрватските аптеки, објави телевизијата РТЛ.
Тестот ќе се прави со плунка, а ќе биде достапен за купување во аптеките по цена под 100 куни, односно околу 13 евра.
Тестовите за самотестирање се одобрени на ниво на Европската Унија.
– Ова се медицински производи кои се наменети за самостојна употреба од страна на лаици. Имајќи предвид дека ги користат непрофесионалци во процесот на проверка на овие тестови беше потребно да се докаже дека се доволно сигурни и едноставни и дека граѓаните можат да ги користат безбедно – изјави портпаролката на хрватската Агенција за лекови, Маја Башиќ.