Босна и Херцеговина стана најлошата европска земја по смртност од ковид на милион жители.
Според статистичките податоци обезбедени од Worldometers, БиХ достигнала 3.134 смртни случаи на милион жители, што е повеќе од Унгарија која е на второто место, а има 3.128 смртни случаи на милион жители.
Пред БиХ на светско ниво е само Перу со 5.934 смртни случаи на милион жители.
Worldometers додава дека Босна и Херцеговина досега имала 225.857 случаи на инфекција, а 10.203 луѓе починале.
Закрепнале 192.218 пациенти, а биле извршени вкупно 1.188.929 тестови. Во моментов има 23.436 активни случаи.
Властите во БиХ апелираат до граѓаните да се придржуваат кон мерките и упатствата, поради страв од четврти бран, а луѓето постојано се повикуваат да се вакцинираат.