Бугарија ќе добие повеќе од 1,2 милиони дополнителни дози на вакцини против ковид-19 од „Биоентек“ и „Фајзер“ во второто тромесечје, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
Повеќето земји-членки на ЕУ минатата недела се согласија заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози со Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка – земји за кои е заклучено дека им се потребни најмногу вакцини.
Сепак, чешкиот премиер Андреј Бабиш во петокот го критикуваше договорот, велејќи дека планот е „неизбалансиран затоа што не разбира како Европската унија може да се согласи за тоа кога Чешка, Австрија и Словенија се противат“.
Бугарија ќе добие 1,26 милиони дози од 2,85 милиони таканаречени „солидарни вакцини“ за петте членки на Унијата. Хрватска ќе добие дополнителни 747.000 дози вакцини.
– Ова е добра вест за нас и за цела Европа бидејќи покажува дека земјите-членки можат да се солидаризираат – напиша Борисов во објавата на својата страница на Фејсбук.
Балканската земја првично нарача повеќе вакцини Астразенека отколку Фајзер, порадишто претрпе голема криза во снабдувањето, предизвикана од доцнење во договорените испораки на Астразенека во ЕУ.
Бугарија има регистрирано 346.327 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 13.313 смртни случаи.