Советот на министри на Босна и Херцеговина одлучи да ги отвори границите за државјаните на Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни ќе бидат отворени и аеродромите.
Претседавачот Зоран Тегелтија кажа дека одлуката се однесува само за влез на граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора и дека е донесена со оглед на тоа што епидемиолошката состојба во регионот е сè постабилна во последниве денови.
Тегелтија рече дека оваа мерка важи и за граѓаните на Црна Гора, и покрај тоа што таа земја, како што рече, нема сличен третман кон граѓаните на БиХ.
Аеродромите во Сараево, Тузла и Мостар ќе бидат отворени за меѓудржавен сообраќај од 1 јуни, со почитување на одреден режим, јавуваат сараевските медиуми.
Границите на БиХ остануваат затворени за Македонија. Претходно и Хрватска и Црна Гора најавија отворање на границите за некои земји, меѓу кои не е Македонија.