Претседателот на Партијата за демократска акција и потпретседател на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, е позитивен коронавирус, јавија медиумите во БиХ.
Тие додаваат дека Изетбеговиќ резултатите ги добил утрово и дека има поблаги симптоми.
– Бакир Изетбеговиќ воопшто не е болен, тој е само позитивен. Имаше благи симптоми и е во изолација од моментот на тестирање. Тој ги откажа сите планирани активности – било потврдено за Радио Сараево.