Албанија испрати 30 лекари и медицински сестри денеска за да и помогнат на Италија, најтешко погодената земја во Европа во пандемијата на коронавирус.
Медицинскиот тим на аеродромот беше придружуван од премиерот Еди Рама.
– Медицинските лица ќе заминат во Ломбардија да ги помогнат своите италијански колеги – порача Рама од аеродромот.
Во Италија живеат околу 400.000 Албанци, а медицинскиот тим ќе остане таму еден месец.
– Денес сите сме Италијанци. Италија ќе победи во оваа битка – рече Рама на аеродромот.
Албанија, која сама се соочува со недостиг на лекари – има 1,2 лекари на 1000 жители, за разлика од Италија, која според Светската здравствена организација има 4,1.
Во Албанија досега десет лица починаа од ковид-19, а речиси 200 се заразени.