Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да воведе и 24-часовен полициски час ако експертите го побараат тоа и кажат дека е тоа единствената можна мерка, пренесува српски „Курир“.
Вучиќ одговараше на коментарот на новинар дека по неговото прво спомување на 24-часовен карантин пред неколку дена, се создало стампедо во продавниците.
– Учев како да носам тешки одлуки за нашата земја. Секогаш ги бирав оние најтешките, не најлесните. Ни миг нема да чекам ако експертите речат дека е тоа единствената можна мерка. Тогаш ни во продавница не ќе можите да одите. Се разбира дека не би го скал тоа, но ќе се случи ако ситуацијата стане морничава, ако бидеме очајни. Тоа е последната мерка. Тоа не прашање на садизам, туку на чување на здравјето на луѓето – истакна Вучиќ.
Тој му се заблагорадил на новинарот кој индиректно ја пофалил својата земја зашто и покрај стампедото за кое зборувал, посочил дека продавниците се полни и нема артикли што недостигаат.