Во Хрватска се потврдени 25 нови случаи на инфекција со коронавирус, што значи дека има 1.150 активни случаи, а две лица починале, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
– Има 57 помалку активни случаи од вчера – рече министерот за здравство Вили Берош.
Од 25 февруари, кога беше забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4.370 лица заразени со коронавирус.
Тестирани се вкупно 104.132 примероци, за само 24 часа – 1.028. Има 147 хоспитализирани пациенти, од кои девет се на респиратор.
– До денес, закрепнале вкупно 3.098 лица, што е за 80 повеќе од вчера – рече Берош.
Во изминатите 24 часа од болницата се отпуштени 990 лица, што е за 11 повеќе од вчера, а вкупно 2108 лица се лекувале дома.