Хрватска од денеска почнува да издава т.н. ковид-пасоши.
Одлуката за започнување со издавање на дигитални сертификати, попознати во јавноста како ковид-пасоши, Владата ја донесе вчера.
Овој документ овозможува олеснето движење на граѓаните при преминување на граничните премини на Хрватска, но, исто така, и на граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори.
Без оглед на верзијата, сертификатот содржи кјуар-код со основни информации и дигитален печат за да се обезбеди автентичност на сертификатот.