Вкупно 19 лица во Србија се заразиле со коронавирус. До изутринава, според надлежните институции, вкупно 160 лица биле тестирани за новиот вид на вирус.
        
Од синоќа до изутринава биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил позитивен за новиот коронавирус, додека другите биле негативни.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека српскиот граничен премин Рибарци од утрово од 7 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со ковид 19 е затворен за патници и возила.

Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Голема Црцорија – Голеш (Кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.