По одбивањето на жалбата да бидат ослободени од притвор епископот на СПЦ, Јоаникие, и уште осум свештеници, кои вчера беа приведени поради организирање литија – молитвена поворка на свештеници и граѓани, голем број граѓани на Црна Гора излегоа на улица во знак на протест.
Тие претходно вечерва се собраа пред Центарот за безбедност во Никшиќ.
Полицијата употреби солзавец за време на протестите во Никшиќ.
Координаторот на партијата Алтернатива, Веско Пејак, вечерва е повикан на информативен разговор во Центарот за безбедност во Никшиќ, поради статус на Фејсбук, во кој претходно денеска напишал дека во 18 часот ќе биде пред Центарот за безбедност, за да искаже револт поради апсењето на свештените лица.
Граѓаните ја гаѓаа полицијата со камења и скандираа. Полицијата ги разби граѓаните на групи. На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види дека насобраните не носат маски.
Пејак се појавил сам, а набрзо му се придружиле десетина главно млади луѓе. Потоа пред Центарот за безбедност се собра поголем број граѓани.
Вечерва по 20 часот во Будва беше организирана мирна протестна прошетка, поради апсењето на епископот Јоаники и свештеници на СПЦ.