Успехот на планот за имунизација против коронавирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и посочи дека целта е вакцината да ја примаат што повеќе граѓани, односно сите, ако е тоа можно.
На прес-конференција по владината седница на која беше усвоен планот за имунизација, Пленковиќ рече дека пристигнувањето на вакцината е охрабрувачка порака, која дава надеж за нормализирање на животот, социјалните и економските активности.
– Под влијание сме на криза без преседан која го промени светот – нагласи хрватскиот премиер.
Пленковиќ денеска предупреди дека намалувањето на бројот на новозаразени не треба да доведе до опуштање кај граѓаните.
– Нема никаква причина за опуштање. Вирусот и понатаму е тука и убива – изјави премиерот на Хрватска пред новинарите.