Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија.
Одлуката за државјаните на овие четири земји важи денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.
Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг.