Уставниот суд на Косово ја оцени како противуставна одлуката на Владата за ограничување на движењето во одредени временски периоди поради коронавирусот.
Барањето за оценка на уставноста ја поднел претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Судот оценил дека одлуката е противуставна затоа што не е заснована на закон и како рок за нејзино ставање вон сила го навел 13 април.
– Уставот јасно пропишува дека основните слободи и права може да се ограничат само со закон – соопштија од судот.