Грција од 1 јули, кога ги отвори границите, направи 127.900 тестови за коронавирус, а меѓу патниците биле потврдени 295 случаи, објави заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.
Според него, 76,27 отсто или 225 од 295 потврдени случаи се патници од балканските земји.
– Седумдесет и осум случаи се потврдени кај туристи од Србија, 63 од Бугарија, 61 од Романија, 23 од Албанија и 26 од САД – навел заменик министерот.
Од 1 до 19 јули во Грција влегле околу 900.000 луѓе, а во меѓувреме, во периодот од 15 до 19 јули, 23.559 туристи од Велика Британија.
Од 25 февруари во Грција се потврдени 4.007 случаи на коронавирус и 195 смртни случаи.