Граничните премини Меџитлија и Стар Дојран вечерва од полноќ па сè до 4 август ќе бидат затворени за секаков вид сообраќај.
Од МВР информираат дека затворањето е поради новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19.
Сите патнички и товарни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони.