Од денеска во Хрватска се продолжува времетраењето на сертификатите за вакцинација против Ковид-19 на 365 дена.
Новото времетраење на сертификатите важи за сите нови сертификати, како и за претходно издадените. Граѓаните кои веќе ги добиле своите сертификати нема да мораат да бараат повторно издавање, бидејќи времетраењето на нивните постоечки автоматски ќе се продолжи.
Граѓаните можат да го проверат времетраењето на нивните сертификати со зачувување на сертификатот во дигиталниот паричник на мобилната апликација „Ковид Го“, а во случај на патување во други земји, секако е неопходно да се проверат локалните правила кои се во сила.
Во согласност со прифатената ревизија на документот од Мрежата за е-здравје на Европската комисија од 29 септември 2021 година овозможено издавање на дигитални сертификати за ковид и за вакцини кои немаат централно одобрување во ЕУ.
Со новото времетраење, се уште се во сила претходно издадените правила за вакцини кои се централно одобрени во ЕУ.
Така, сертификатот за вакцинација може да се даде на луѓе кои биле вакцинирани со двете дози на една вакцина, луѓе кои биле вакцинирани со две дози на различни вакцини – на пример, едно лице ја примило првата доза на „Астра зенека“, а втората на „Фајзер“ – и лица кои биле вакцинирани со вакцина која се прима во една доза.
Потврда може да побараат и лица кои се вакцинирани со една доза на вакцина која се прима во две дози, а кои имаат позитивен ПЦР-тест 180 дена од денот на приемот на вакцината. Тие можат да побараат потврда од денот на вакцинацијата и истата ќе им важи 365 дена.