Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 1.156 примероци на коронавирус, а 243 биле позитивни. Во Федерацијата БиХ има 170 нови случаи, а во Република Срска 73. Починале вкупно четири лица.
Досега се тестирани 117.978 примероци, а вирусот е потврден кај 12.177 лица.