Претставникот на Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, денеска објави 31 нов случај на коронавирус, со што вкупниот број во земјата достигна 418, а досега 5 лица го загубија животот.
Од заразените, 13 се во критична состојба, рече Циодрас.
Просечната возраст на заразените лица е околу 70 години, додаде претставникот на министерството.
Циодрас ја истакна важноста луѓето да ги следат инструкциите за да избегнат контакт, особено со големи групи.