Фото: Нова Македонија / Архива

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.271 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи со ковид-19, како и 58 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Од 89 новозаболени од Скопје се 42, Битола – 15, Кочани, Неготино и Ресен – по четири, Кавадарци и Гостивар – по три, Куманово, Велес, Кичево и Свети Николе – по два, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по еден.

Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Од 58 оздравени пациенти од Скопје се 29, Битола – 11, Гостивар, Велес и Прилеп – по 3, Куманово, Демир Хисар и Тетово – по 2, Кочани, Кавадарци и Охрид – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310 595, бројот на оздравени пациенти е 300 675, на починати е 9 287, а на активни случаи изнесува 633.