Властите на кинескиот специјален административен регион Макао одлучија од почетокот на следната недела да ги затворат речиси сите трговски и индустриски капацитети на седум дена поради ширење на ковид-19. Макао ќе ги затвори и своите светски познати казина.
Градските власти рекоа дека основните објекти ќе останат отворени, вклучувајќи хотели, супермаркети и аптеки.
Одлуката е донесена откако денеска во Макао беа регистрирани 71 случај на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1.374 од средината на јуни.
Властите на Макао велат дека 17.000 луѓе се во карантин.
Повеќе од 90 отсто од жителите на Макао се вакцинирани против коронавирусот.