Врски засновани преку Скајп? Нема гушкање? За Швеѓаните, тоа не е социјално дистанцирање туку нивен секојдневен живот, пишува „Политико“.

Додека другите европски влади воведуваат драконски мерки со голема брзина, оставајќи го нивното население шокирано и подобро заштитено, Шведска остана неверојатно мирна среде ширењето на глобалната пандемија.

Шведска е позната по смиреноста, а некои би рекле и студениот карактер на нејзиниот народ. Во оваа „ладна“ култура, покажувањето силни емоции се смета за непристојно и несоодветно. Лиза Бјурвалд, шведска новинарка и авторка вели дека моментниот животен стил наметнат од коронавирусот, тие го практикувале долго пред да се појави заразата.

Географски, Шведска е трета по големина земја во ЕУ, но нејзиното население брои нешто повеќе 10 милиони, а главните булевари на најголеми градови секогаш се речиси празни. Всушност, според бројките од 2018 и 2019 година, поголемиот дел од шведските домаќинства бројат едно лице без деца. Станува збор за значително различно општество од, на пример, Италија, каде што различни генерации живеат под ист покрив, не само од финансиски причини, вели Бјурвалд.

Швеѓаните исто така сакаат да одржат неверојатно широко меѓусебно растојание, според принципот „мој простор и ваш простор“. За Швеѓаните тоа претставува седење на спротивните агли од собата. Тоа според нив е подобро и воопшто не е чудно. Ова правило веќе долго време е воспоставено и се применува во сите аспекти на секојдневниот шведски живот, од движење по супермаркетите до чекање на автобуската станица, па дури и кога врне дожд.

Многумина Швеѓани беа изненадени кога прочитаа за француските семејства кои се борат да се прилагодат на работата од дома и се обидуваат да создадат детални планови, само за да го поминат денот без да полудат (појадок во осум часот наутро, тогаш маж ми ги носи деца надвор, додека се обидувам да завршам работа. Потоа, се префрламе на ручек…).

– Тоа е само нормален викенд за нас Швеѓаните – наведе Бјурвалд за „Политико“.

Американските медиуми со ентузијазам предлагаат нови правила со кои ќе се помогне во самоизлоацијата, наведувајќи дека „можете да им се јавите на бабите и дедовците преку Скајп“. За Швеѓаните тоа е претежно начинот на кој комуницираат со своите баби и дедовци.
 
Подеднакво збунувачки се и извештаите за младите во Италија кои излегуваат на полноќ за да се сретнат во локалните паркови. Во Шведска би настанал ваков проблем само доколку на клупите има пристап до Интернет. Во Шведска, младите луѓе се постојано залепени на своите паметни телефони, па дури и нивните први љубовни состаноци се виртуелни.
 
Неодамнешна статија во „Њујоркер“ наведува за тоа како осаменоста произлегува од мерките за коронавирус и дека влијае на американскиот народ. Во статијата се наведува дека осаменоста не е само чувство. Тоа е биолошки сигнал за предупредување да се бараат други луѓе, исто како што гладот е сигнал за барање храна или жедта е сигнал за лов или вода. Историски гледано, врските биле од суштинско значење за опстанок.
 
– Како што рече колешка синоќа, пишувајќи ми од домашната канцеларија, до доза на сарказам. Не знам зошто се дига волку врева за осаменоста. Вие не сте навистина сами ако сите други се сами“ – наведува Бјурвалд.