Милијардерот Дејвид Гефен објави фотографија од јахтата каде што го поминува времето во изолација, но потоа тој бил толку навредуван што го деактивирал Инстаграм.
„Вчера зајдисонце…“, напишал Гефен под фотографијата од својата суперјахта од 590 милиони американски долари, која плови во водите на Карибите. „Изолирани во Гренадини за да се избегне вирусот. Се надевам дека сите ќе останете безбедни, додал музичкиот магнат, чие богатство се проценува на 7,7 милијарди долари, пренесува „Дејли мејл“.
Неговата објава бргу исчезна од „Инстаграм“ кога многумина ја нарекоа бесчувствителна неговата реакција на кризата. Но, критиките на негова сметка продолжија на Твитер, каде што почнаа да го исмеваат. „Храбриот Дејвид Гефен реши социјално да се дистанцира на крузерот“, напиша Арон Леви, извршен директор на „Бокс“.
Други посочија дека 77-годишниот милијардер може да стори многу повеќе за да помогне во борбата против пандемијата. „Можеби ако им дадеше голема донација за медицинска заштитна опрема на нашите уморни медицински сестри, лекари и медицински персонал, тој немаше да остави впечаток на елитистички кретен“, коментира друг.
Но, Венди Мардок, поранешната сопруга на магнатот Руперт Мардок, реагира на фотографијата со емотикони со срца во очите.