Полициската станица од градот Пујалуп во сојузната амариканска држава Вашингтон ги изненади корисниците на социјалните мрежи откако на својата фејсбук-страница постави објава во која од криминалците бара да ги сопрат своите активности за време на епидемијата од коронавирусот.
– Поради локалните случаи со инфекција од вирусот ковид-19, нашата полициска станица ве замолува сите криминални активности и нелегални поведенија да запрат. На сите криминалци кои го разбираат и ќе постапат по овој наш повик, однапред им благодариме – се вели во соопштението на малата полициска станица.