Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за потеклото на вирусот што ја предизвика пандемијата на ковид-19.
Истражувачите, кои по пристигнувањето во Кина морале да поминат 14 дена во карантин, биле видени како излегуваат од хотелот и се качуваат во автобусот, но не е познато каде се упатиле.
Мисијата е под политички притисок, а главното прашање е каде кинеската страна ќе им дозволи на истражувачите непречено да ја спроведуваат истрагата.